24фудбал

Мурат Јакин му даде шанса за деби на суперталентираниот Амел Рустемовски во првиот тим на Грасхоперс (ФОТО)

Еден од најголемите надежи на македонскиот фудбал дебитираше пред очите на познатиот фудбалски стратег Мурат Јакин.

Македонија

Изминатиов викенд швајцарскиот Суперлигаш Грасхоперс ја искористи интернационалната пауза поради репрезентативните натпревари за да одигра две контролни натпревари, еден против Шафхаузен, и еден против Вил.

Во првата средба, Грасхоперс одигра без голови, а во втората славеше со 2-0 над Вил, и во двата натпревари настапи во комбинирани состави.

Она што нам не интересира од средбата со Вил е фактот што деби во сениорскиот состав на Грасхоперс имаше 17 годишниот Амел Рустемовски, пред очите на славниот Швајцарец Мурат Јакин, кој воедно е шеф на стручниот штаб на оваа екипа.


Познато е дека за Рустемовски селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација Игор Ангеловски води сериозна битка за да го добие во нашата селекција, со тоа што би го обезбедиле овој голем талент кој засега има настапи само за младинските селекции на нашата земја.

Случајот „Рустемовски“ топ тема во Швајцарија

За талентот кој го поседува Рустемовски не треба многу да се зборува, речиси сее кажано за овој млад фудбалер кој со 11 погодоци е прв стрелец во швајцарската фудбалска лига за фудбалери до 18 години, по осум одиграни кола во таа лига генерацијата на Грасхоперс е лидер на табелата во својата конкуренција, а нашиот младинец постигна една третина од вкупно постигнатите голови на неговата екипа.


Рустемовски има двојно државјанство, македонско и швајцарско, освен што настапуваше за нашите селекции за фудбалери до 16 и 17 годишна возраст, има настапи и за селекцијата на Швајцарија до 15, 17 и 18 годишна возраст, па останува отворено прашањето кој ќе ја добие битката за овој голем фудбалски талент кому му се предвидува блескава иднина.

 

Фото: Grasshopper Club Zürich (Facebook)