24фудбал

Гачевски: Како спортист и честитам на Шкендија, но, се колнам дека топката не ја мина гол линијата!

Вардаровиот голман тврди дека голот на Шкендија за почетно водство во Скопје бил нерегуларен, тој додава дека може да се заколне во тоа дека топката не ја минала гол линијата, а запраша од каде сигурност на судијата кој ја донесе одлуката, кога не бил на вистинското место, според неговите зборови.

Македонија

Шкендија го доби дербито со Вардар откако на терен на ривалот славеше со 0-2, но, првиот гол затетовските црвено-црни беше доста дискутабилен и донесе големи реакции во редовите на домаќинот, се постави прашањето дали топката ја мина гол линијата.

Голманот на Вардар, Филип Гачевски тврди дека голот на Шкендија за 0-1, со кој се отвори мечот на резултатски план, е нерегуларен, тој дури и тврди дека може да се заколне во тоа што го говори.

Прво, како спортист би сакал да и ја честитам победата на Шкендија, второ, сакам да кажам дека првиот гол го реши натпреварот, а тој не беше регуларен. Трето, сакам да порачам дека цела јавност и сите од ФФМ треба да превземат нешто, затоа што ова што се случува во Македонија е жално“ вели Гачевски.

За голот можам да кажам дека сум 100% сигурен дека топката не ја мина гол линијата, и можам да се заколнам во тоа. Мора да се реагира затоа што тој момент го одлучи победникот, а може да влијае и на целото првенство“ додава тој.

Гачевски по мечот морал и сам да се увери во снимките, а откако ги проследил истите, утврдил дека судијата што ја донел конечната одлука во таа ситуација не бил онаму каде што е потребно за да увиди дали голот е регуларен.

По натпреварот видов дека тој судија што ја донесе одлуката, не ни бил таму каде што треба за да види дали топката ја мина гол линијата, беше сигурен, тврдеше дека е гол. Од каде таа сигурност кога го нема таму каде што треба да биде. Другиот судија, пак, гледа на друга страна, навистина жално и срамно“ заклучи вардаровиот голман во изјавата за официјалниот клупски сајт.

Спорниот момент од големото дерби во нашето првенство погледнете го -  ТУКА.


Фото-вест: fkvardar.mk (архива)