24фудбал

Балотели ја објасни „Инстаграм“ прославата на неговиот гол (ВИДЕО)

Марио Балотели потврди дека неговата „Инстаграм“ прослава која синоќа беше хит, била однапред испланирана.

Франција

Балотели постигна прекрасен погодок за Марсеј во победата против Сент Етјен. Напаѓачот потоа зема телефон, се сними како се радува со соиграчите и веднаш тоа го постираше на инстаграм стори.

„Му го дадов мојот телефон на новинар на Олимпик Марсеј. Му реков да го чува телефонот зад голот бидејќи ако дадам гол ќе направам инстаграм стори“, објаснува Балотели.

„Ова видео ќе го обиколи светот? Па што и да направам јас го обиколува светот“.