24фудбал

Сидорф посочи што треба Зидан да стори за да го врати Реал на победничките патеки

Холанѓанецот практично упати совет до старо-новиот тренер на шпанскиот гигант кој оваа сезона „скенира“ во својот состав за тоа какви промени да прави за идната сезона.

Шпанија

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Кларенс Сидорф верува дека Зинедин Зидан мора да внесе глад во својот состав за победи, како во претходниот период кога францускиот стратег ги предводеше Кралевите од клупата.

Зидан ќе се задоволи со сезона без трофеј, меѓутоа нема дилеми дека ќе има одврзани раце од клубот во летниот преоден рок, и правење на нов, силен состав на Кралевите со кој ќе се обиде да се врати на победничките патеки.

Марка пишува: Французинот планира нов систем, главни аспекти во промените кои ќе ги направи Зидан (ФОТО)

Разбирлива беше одлуката на клубот да го врати Зидан“ рече Холанѓанецот во изјава за Дејли Мејл.

Оваа сезона е доста тешка за нив, комплицирана, но, најважно во овие моменти е менталната подготовка, како и создавање глад за победи во иднина“ додаде Сидорф.

Тој има одлично разбирање на фудбалерите, играта, како и сеоколу играта, да се менаџираат останати аспекти во клубот секако ќе биде предизвик, но, тој веќе има големо искуство“ заклучи Холанѓанецот.