24фудбал

Алвес за инцидентот на Нејмар: И покрај нашето пријателство...

Искусниот Бразилец отворено проговори за инцидентот во кој инволвиран беше неговиот соиграч и сонародник од редовите на францускиот првак, кој фрустриран од поразот не можеше да се воздржи во една ситуација.

Франција

Соиграчот на Нејмар од ПСЖ, како и негов сонародник и близок пријател, Дани Алвес го критикуваше однесувањето на првата ѕвезда на францускиот првак по поразот од Рен во финалната пресметка од купот на Франција.

Рен мечот за куп-титулата ја доби по подоброто изведување на пенал серијата, а качувајќи се во главниот дел од Стад д Франс на доделувањето на медалите, Нејмар не се воздржа на коментарите на еден навивач па го удри во главата.

Инцидент на трибините на „Стад д Франс“, фрустрираниот Нејмар удри фан! (ВИДЕО)

Тоа беше една доста деликатна ситуација, најмногу поради поразот“ рече Дани Алвес во изјавата за ЛЕкип.

Реакцијата на Нејмар беше жесток одговор од негова страна, но, истата реакција не беше на вистинско време и вистинско место, тоа ќе ни служи како лекција, и покрај нашето големо пријателство, не го одобрувам тоа што тој го стори, сигурен сум дека тоа нема да го повтори“ посочи Алвес.