24фудбал

Ќе има „жртва“ во Барселона за враќањето на Нејмар

„Мундо Депортиво“ веќе објави на својата насловна страна дека Нејмар порачал дека повеќе не сака да биде член на ПСЖ и сака да се врати во својот дом, кој не требало да го напушти, се мисли на Барселона.

Шпанија

Доколку Барселона одлучи да се обиде да го врати Нејмар на „Камп Ноу“, Каталонците ќе мораат да најдат начин како да ги намалат трошоците за тој трансфер, пишува „Марка“, а весникот додава дека две опции се во игра за такво нешто.

Нејмар ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ во летото 2017. година за трансфер вреден 222 милиони евра, јасно е дека францускиот првак нема така лесно да се откаже од услугите на Бразилецот и доколку постои можност да си замине, тоа би се случило само за високо обештетување.

Нејмар заминува од ПСЖ: Сакам да се вратам во мојата куќа која никогаш не требаше да ја напуштам!

Во Барселона веројатно ќе преовладува опцијата да се понуди фудбалер како пакет во понудата за да се намалат трошоците, а постојат двајца фудбалери кои Каталонците ги ангажираа токму од зделката со ПСЖ, станува збор за Филипе Кутињо и Осман Дембеле.

Обајцата ниту пополнија дупка по заминувањето на Нејмар од тимот, ниту пак добија некоја посебна поддршка фановите на клубот, Дембеле беше недисциплинира и подолг период мака мачеше со повреди, а Кутињо го разниша односот со навивачите по гестот по голот кој го постигна против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, потег на кој навивачите возвратија со свирежи кон Бразилецот во наредните натпревари.