24фудбал

Со трансферот на Елмас во Наполи паѓаат два рекорди

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас денеска треба да стави потпис на договор со Наполи, а трансферот е рекорден.

Македонија

Фенербахче доцна синоќа го потврди заминувањето на Елмас во Наполи, тој денеска треба да потпише за италијанскиот тим откако претходно ќе ги помине медицинските тестови.

Се верува дека Наполи ќе плати 16 милиони евра, плус два милиони во дополнителни бонуси.

Со таквите бројки трансферот на Елмас во Наполи ќе сруши два рекорди: Тој ќе стане најскапиот македонски фудбалер, рекорден трансфер за еден наш играч. Но ќе биде и рекордна продажба на Фенербахче.