24фудбал

Ангеловски: Мечот со Летонија е многу важен за нас, со победа остануваме во игра

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски вели дека без победа против Летонија бодот против Израел нема да значи ништо.

Македонија

Македонија утре гостува кај Летонија во квалификациски меч. Нашата репрезентација е голем фаворит против селекцијата која е во многу лоша форма.

„Го респектираме тимот на Летонија, знаеме дека имаа лош натпревар против Австрија, но понекогаш тоа не мора да значи многу. Очекувам да одиграме мотивирано, енергично и да победиме. За нас е ова многу важен натпревар, со победа на утрешниот натпревар остануваме во игра за висок пласман во квалификациската група. За мене нашата мотивација е да дојдеме до осум бода и да влеземе во егал завршница. Сите успеси се должат на квалитетот на фудбалерите, преку Лигата на нации дојдовме во бараж, а ако победиме утре, ќе бидеме со опции и преку квалификациите. Бодот со Израел ќе добие на тежина само ако ја совладаме Летонија“, изјави селекторот Ангеловски на денешната прес конференција.

Македонија за жал утре ќе биде без Елмас кој се повреди на тренинг и ќе го пропушти мечот со Летонија.