24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Може ли Даниел Џејмс да продолжи во исто темпо?

Претстојниов викенд се враќаат возбудувањата во Премиерлигата, а тоа доаѓа на големо задоволство за големите љубители на „Фантази Премиерлигата“, кои полека но сигурно ги склопуваат коцките за петтото коло.

Останато

Веќе две кола по ред можеме да се пофалиме дека анализите вродија со плод, па се надеваме дека во голема мера помогнавме во битката за повеќе бодови во „Фантази Премиерлига“, повторно е надминат просечниот скор на бодови во колото, истиот изнесуваше 57, а составот кој го понудивме во анализата освои 65 бода, акцент ќе ставиме на изборот на Јури Тиелеманс кој со гол и асистенција во победата на Лестер против Борнмут (3-1) дури и ги надмина нашите очекувања запишувајќи 12 поени зад своето име.

АНАЛИЗАТА ОД ПРЕТХОДНОТО КОЛО

Ова коло ќе биде доста интересно, но и со големи очекувања кај натпреварувачите, поради фактот што фаворитите имаат навидум „лесни противници“, а од таму доаѓа најголемиот избор во составите.

Натпреварувачите го губат трпението со Манчестер јунајтед, Марсијал и Ван-Бисака како повредени во „аут“, а довербата ја загуби Рашфорд кој е на второто место на листата на топ петте трансфери за вон составите. Абрахам од Челси ги освои симпатиите, токму тој е фудбалерот кој е најмногу купуван од страна на натпреварувачите за ова коло, по него е токму Даниел Џејмс за кого ставаме посебен акцент во нашата анализа, па следи Кевин  Де Брујне кој игра во фантастична форма.


Манчестер Сити гостува кај Норвич, кој во својот состав го има неверојатниот Пуки кој е рамо до рамо со Агуеро и Стерлинг, а дури и пред Салах на листата на фудбалери со најмногу поени од досегашните четири кола. Сепак, на голот на Манчестер Сити, Едерсон не би требало да има некакви проблеми, очекувањата се „Граѓаните“ да поминат како брз воз на оваа пресметка, без примен гол, па така на позицијата број еден ќе го поставиме Едерсон Мораеш, стандардно.

Во одбраната место ќе има повторно и за Олекс Зинченко кој уште на стартот напоменавме дека е стандарден на левата бековска позиција, а од коло во коло гледаме дека Украинецот добива се поголеми задачи и на офанзивен план.

Ливерпул на домашен терен го пречекува Њукасл, кој знае да биде незгоден, меѓутоа не му даваме никакви шанси на „Енфилд“, па така во одбраната ќе ги додадеме Трент Александер-Арнолд и Ендру Робертсон, кои сигурно ќе имаат голем простор за офанзива по страничните бековски позиции.

Одбраната ќе ја завршиме со Лукас Дињ, Евертон гостува кај одличниот тим на Борнмут кој може да се пофали со добар офанзивен ред, ќе напоменеме дека тешко ќе биде „Карамелите“ на ова гостување да поминат без примен гол во својата мрежа, меѓутоа Французинот е редовен изведувач на прекините, го има Ришарлисон во одлична форма, како и Сигурдсон кој полека но сигурно влегува во ритам, па не се исклучени бодови на тоа поле.

Се префрламе во средниот ред, таму е сигурен Мохамед Салах, од кого очекуваме погодоци против Њукасл викендов, а продолжуваме со Кристијан Пулишиќ кој со својот Челси гостува кај Вулверхемптон, Американецот полека но сигурно почнува да носи бодови за натпреварувачите кои го имаат во својот состав, а очекувањата се така да биде и викендов.

Астон Вила на домашен терен во понеделник го пречекува Вест Хем, а домаќинот многу добро знае дека вакви натпревари едноставно не смее ниту да помисли да ги загуби, ако сака да го задржи прволигашкиот статус оваа сезона.

Сигурно дека Астон Вила ќе нападне од првата минута, а тоа е можност за Џон МекГин, кој во досегашните четири кола реализираше еден гол против Тотнем, како и асистенција против Евертон, па сигурно дека тој ќе има голем простор за игра и слобода во пристапот, засега освои одлични 17 поени од четири натпревари, а дополнителна мотивација за натпреварувачите е секако неговата ниска цена од 5.6, тоа што мечот се игра во понеделник е добра можност да избегнете „промашување“ викендов, па да си укажете прилика за бодови до последните секунди од ова коло.

На стартот најавивме одличен Де Брујне, меѓутоа напоменавме дека тоа многу зависи од здравствениот статус на Белгиецот, што воедно и се оствари, тој игра во неверојатна форма, меѓутоа ние повторно предност во средниот ред ќе му укажеме на неговиот соиграч од Манчестер Сити, Рахем Стерлинг.

Што се однесува до средниот ред, ќе завршиме со Даниел Џејмс, кој со својот Манчестер јунајтед игра на домашен терен против Лестер, сигурно ќе биде интересна пресметката помеѓу Мегваер и неговиот поранешен клуб, меѓутоа ние ќе се фокусираме на младиот Велшанец кој со својата доста ниска цена на пазарот нуди многу.

Џејмс досега забележа фантастичен скор од 21 поен, а неговата цена засега не се качи рапидно, па бележиме примамлива цена од само 6.1, тој погоди на три натпревари за Манчестер јунајтед, игра стандардно, а Солшер веројатно има голема доверба во него, доверба која се исплаќа.

Манчестер јунајтед е во големи проблеми, особено поради неколкуте фудбалери кои се неизвесни, најпрво тука сметаме на Марсијал, кој иако се води како играч од средниот ред, во реалноста настапува како напаѓач, тој нема да биде во комбинација за мечот во сабота. Дополнително отежнувачки е тоа што Погба е неизвесен, исто како и Ван-Бисака, па од тука, сигурно дека вниманието ќе биде насочено кон Даниел Џејмс, кој освен на клупски, игра на високо ниво и на репрезентативен план, па покрај нерасположениот за игра Рашфорд веќе две, а можеби и три кола по ред, младиот Велшанец може до гол, а воедно и асистенција на пресметката со Лестер.

Стандардно, завршуваме со нападот, каде играме со еден фудбалер, тука предност ќе му укажеме на Хари Кејн, игра во одлична форма, така беше и на репрезентативно ниво во текот на интернационалната пауза, па дуелот против незгодниот Кристал Палас на домашен терен нуди повторно можност за погодоци од негова страна.


НАШИОТ ПРЕДЛОГ: ЕДЕРСОН (6.1); АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (7.1), РОБЕРТСОН (7), ЗИНЧЕНКО (5.6), ДИЊ (6.1); САЛАХ (12.5), СТЕРЛИНГ (12.3), ПУЛИШИЌ (7.5), МЕКГИН (5.6), ЏЕЈМС (6.1); КЕЈН (11).

КАПИТЕН: САЛАХ

 

Да видиме и како стојат работите во лигата на „Македонија“ на генерално ниво, како и „24фудбал“ лигата, Марко Димитријевиќ со вкупен скор од 292 бода е лидер во нашата земја, во лигата на „24фудбал“ пак, која во моментов брои 506 членови, на првото место е Филип Јаневски со досега освоени 279 бода.



СОСТАВОТ НА МАРКО ДИМИТРИЈЕВИЌ


СОСТАВОТ НА ФИЛИП ЈАНЕВСКИ



ДА ПОТСЕТИМЕ, ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“, КОДОТ Е СЛЕДЕНah7lqe