24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Кејн се враќа во форма, Обамејанг нема право на грешка

Ќе треба доста трпение за да се сочекаат сите натпревари за новото, 32 коло во Премиерлигата, од причина што истото ќе трае се’ до идниот четврток, а останува дилемата како ќе продолжат Клоп и Пеп.

Останато

Добредојдовте во уште една анализа од низата на едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“, овој пат во сосема ново поглавје во завршните седум кола од актуелната сезона во Премиерлигата, каде веќе Ливерпул ја освои шампионската титула.

Најнапред да направиме еден краток рекапитулар на случувањата од претходното коло кое заврши со синоќешното дерби помеѓу Челси и  Манчестер Сити, домаќинот славеше со 2-1, а со тоа го „прогласи“ за нов првак Ливерпул.

 КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Иако под одредена доза на неизвесност, го препорачавме Мохамед Салах за капитен на колото, Египјанецот возврати со гол и асистенција во убедливата победа на Ливерпул над Кристал Палас со 4-0, неизвесност поради можноста за ротации од страна на Јирген Клоп поради тоа што прашање беше на време кога ќе биде потврдена титулата.

Од останатиот избор, Манчестер јунајтед го потврди тоа што сите го увидоа, кризата која сериозно влијае на резултатски план кај Шефилд Јунајтед, кој веќе три меча не успева да постигне гол, што нам ни даде за право да очекуваме клин шит за Де Хеа. Вулверхемптон продолжи во одличен стил, совладувајќи го индиспонираниот сезонава Борнмут, со тоа што следеа очекувани бодови за Мет Доерти, Адама Траоре (асистенција), како и неверојатниот Хименез кој погоди во минималната победа.

Се потврди и одличната форма на Серж Орие кој одигра уште еден добар меч за Тотнем во победата над  Вест Хем, а бележиме и бодови од Сон кој асистираше, меѓутоа следеше големо разочарување од Пјер-Емерик Обамејанг, кој повторно не успеваше да ги користи приликите коипретходно за него беа лесен залак, па ништо не стори во победата на Арсенал кај Саутемптон.

Понудата ја заокруживме со вкупно освоени 70 бода, во коло каде просекот на освоени бода беше 62 бода, а посебно не радува фактот што во самиот наслов го наведовме триото од Вулверхемптон кое вкупно донесе 21 бод.

Претходната анализа: „24ФУДБАЛ ФАНТАЗИ СКАУТ“: Хименез, Траоре и Доерти е триотокое може да стави сол на раната на Борнмут

Во воведниот дел пред самата селекција доаѓаме до тоа како стои ситуацијата со трансферите, сосема очекувано, бележиме една доста добра петорка која воедно има и одличен распоред до крајот на актуелната сезона.


Речиси и да не пропуштивме да го вброиме Ентони  Марсијал во претходните наши анализи, во последната погрешивме, очекувањата беа враќањето на Пол Погба како стартер, заедно со Бруно Фернандеш првично токму овој двоец да биде главната опасност кон голот на Шефилд Јунајтед, излезе спротивното, Марсијал ги постигна сите три погодоци за „Црвените ѓаволи“, а со тоа ги активираше многуте натпреварувачи кои се решија брзо да реагираат и да го вметнат во своите состави.

На листата нема никакви изненадувања, по Марсијал следи и неговиот соиграч Маркус Рашфорд, со кого имаат одлична соработка во нападот, па Раул Хименез од Вулверхемптон, како и неговиот соиграч Адама Траоре, листата на водечката петорка најкупувани ја заокружува Кристиан Пулишиќ од Челси кој веќе два меча во низа погодува.

Што се однесува до онаа друга листа во однос на трансферите, односно најпродавани фудбалери, прв на листата е Серхио Агуеро од Манчестер Сити, тој веќе се оперираше поради повредата, а по него следи Џек Грилиш од Астон Вила, па Џејми Варди од Лестер.

Веројатно е дека Пјер-Емерик Обамејанг го троши последниот кредит од натпреварувачите, па и Габонецот се најде на оваа негативна листа, заедно со Џон Лундстрам од Шефилд Јунајтед.

 КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Доаѓаме до главното, селектирање на фудбалери за 32. коло, традиционално започнуваме со голманската позиција, истата не ја менуваме со Давид Де Хеа (5.3) од Манчестер јунајтед, за кого и во претходната анализа ја наведовме главната причина за тоа зошто го селектираме Шпанецот – распоредот кој нам ни дава можност тој да ни биде голман до крајот на сезоната, без никакви промени.

 КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Во одбраната ќе понудиме тројца, а ќе започнеме со неверојатниот Мет Доерти (6.4) од Вулверхемптон, кој утре гостува кај Астон Вила, три меча во низа тимот од „Молињу“ нема примено гол во сопствената мрежа, веројатно таа низа ќе продолжи и ова коло.

Серж Орие (5) игра во одлична форма, презеде голем товар во играта на Тотнем, а во целост ја доби довербата кај Жозе Мурињо, Тотнем гостува кај Шефилд Јунајтед кој очигледно е дека по рестартот има голема криза која се одразува и на резултатите.

Челси пак, гостува кај Вест Хем, екипа која во двата меча по рестартот не успеа да погоди, па тоа е убава можност за клин-шит бодови од Маркос Алонсо (6.2) кој инаку често го гледаме како главна опасност кон противничките голови, па зошто да не очекуваме од него дополнителни бодови од асистенција, или гол од Шпанецот.

 КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Во однос на средниот ред започнуваме со Ентони Марсијал (8.1), веројатно нашата голема грешка од претходното коло, каде постигна хет-трик, ова коло со Манчестер јунајтед тој гостува кај Брајтон, екипа против која во 12. коло запиша две асистенции во победата на „Црвените ѓаволи“ од 3-1 на домашен терен, заокружувајќи десет бода од тоа одлично издание. Во однос на Французинот, ќе додадеме и дека во реалноста тој игра како централен напаѓач, што воедно носи и повеќе бодови за него во една таква ситуација.

Адама Траоре (5.8) е веќе добро познат на пошироката јавност, интересно беше да се гледа овој фудбалер со неверојатна конституција на телото на дуелот против Борнмут, каде во неколку наврати успеваше да „извози“ и по неколку противници крај себе кои буквално се одбиваа од него. Траоре гостува кај Астон Вила, противник по мерка за ѕвездата на Вулверхемптон.

Букајо Сака (4.7) секако е голема надеж на Арсенал, радува фактот што е веќе стандарден во идеите и замислите на Микел Артета, а во последните три меча запиша една асистенција, доколку добие прилика против Норич, а веројатно е дека ќе биде така, ќе го имаме во план, како евтина варијанта, која ни дава големи опции во напаѓачката тројка која ќе ја препорачаме за ова коло.

Муса Сисоко (4.8) ќе го придодадеме од истата причина како и Сака претходно, Сисоко покажа и докажа колку е важен за Тотнем во победата над Вест Хем, со тоа што беше главен мотор во играта на составот на Мурињо, двата меча по рестартот ги одигра целосно, а веројатно е дека повторно ќе биде стартер, овој пат на гостувањето кај индиспонираниот Шефилд Јунајтед кој никако да се врати на старите добри патеки во продолжението од сезоната.

 КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Хари Кејн (10.9) се врати, а се вратија и головите од него во дресот на Тотнем, погоди во победата против Вест Хем, а од тоа што го забележавме, Мурињо речиси и да нема друга алтернатива освен Кејн во нападот, што нам ни дава за право да го означиме како сигурен на својата позиција, голот против „Чеканите“ најавува враќање на стариот добро познат Кејн, а дека се враќа полека но сигурно во својата препознатлива форма, ќе мора да потврди против Шефилд Јунајтед.

Пјер-Емерик Обамејанг (11) веројатно го троши последниот кредит во однос на довербата кај натпреварувачите, Норич е противник по мерка на Арсенал, а нема дилеми дека овој меч за Габонецот ќе биде последна шанса, од причина што три меча во низа мака мачи како да го пронајде патот кон противничката мрежа, така беше и на гостувањето кај Саутемптон, каде имаше две стопроцентни прилики, од кои едната заврши во пречката. Норич (56) заедно со Астон Вила (59) се двете екипи со најслаба одбрана во Премиерлигата досега сезонава, што е причина плус зошто да му дадете барем уште една прилика на Габонецот.

Убиствената напаѓачка тројка ќе ја заокружиме со Маркус Рашфорд (9) од Манчестер јунајтед, веќе се уверивме дека со Марсијал имаат предобра комуникација на теренот, одлична соработка која носи бодови за „Црвените ѓаволи“ кои мораат на победа кај Брајтон за да ја продолжат битката за место во Лигата на шампионите идната сезона.

 КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

 

Предлог-состав: ДЕ ХЕА (5.3) / ДОЕРТИ (6.4), ОРИЕ (5), АЛОНСО (6.2) / МАРСИЈАЛ (8.1), ТРАОРЕ (5.8), САКА (4.7), СИСОКО (4.8) / КЕЈН (10.9),  ОБАМЕЈАНГ (11), РАШФОРД (9)

КАПИТЕН: ОБАМЕЈАНГ

Заменик-капитен: Кејн

 

Традиционално, анализата ја завршуваме со еден краток осврт за случувањата во генералниот пласман во лигата на „Македонија“, како и онаа на „24ФУДБАЛ“.

Во лигата на „Македонија“ лидер е Давид Трајчевски со досега освоени 1973 бода, имате можност да се запознаете со неговиот избор од претходното коло.


Во однос на лигата на „24фудбал“, таму лидер е Бојан Јовановиќ со досега освоени 1928 бода, имате можност да се запознаете и со неговиот избор од претходното коло.


Среќно до сите натпреварувачи, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe