24фудбал

Сите ни се смеат, Мурињо и малите стативи во Скопје се појавија во сите светски медиуми, на сите јазици (ФОТО)

Срамот е голем, веста за малите стативи на натпреварот меѓу Шкендија и Тотнем се рашири низ целиот свет, нема кој не објави.

Македонија

За време на загревањето пред почетокот на мечот меѓу Шкендија и Тотнем, голманите на англискиот тим му се пожалија на Мурињо дека пречката на голот е пониска отколку што треба да биде. Португалецот и самиот го провери тоа, па го викна делегатот на УЕФА кој измерил и било утврдено дека навистина биле пониски за пет сантиметри.

Стативите веднаш беа променети, но срамот се рашири низ целиот свет, нема голем медиум кој не ја објави веста од Скопје за малите стативи.