24фудбал

Лестер го потопи Сити а Родри вели: Имаа среќа, се бранеа со 11 играчи зад топката!

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри вели дека Лестер имал многу среќа во победата од 2-5 на Етихад и го обвини противникот дека се бранел со 11 играчи зад топката.

Англија

„Лисиците“ синоќа приредија големо изненадување откако со убедливи 2-5 триумфираа на гостувањето кај Манчестер Сити. Пеп Гвардиола, кој за прв пат како тренер прими пет гола, го нападна Лестер и ги обвини гостите дека се бранеле и не сакале да играат фудбал.

Слично размислување има и Родри, фудбалерот од средниот ред изјави дека Лестер се бранаел со 11 играчи за топката и имал многу среќа.

„Имаа среќа. Лестер дојде тука и се бранее со 11 играчи зад топката. Јас сум млад и се обидувам да научам нешто од секој натпревар, но од натпревари како овој, каде противникот не прави ништо, останувам збунет. Не сака да играм така“ – вели Шпанецот.